Манчестер јунајтед ќе донесе одлука за Тен Хаг кога ќе се сумираат резултатите од сезоната

May 29, 2024
1 min read

Иднината на тренерот Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед останува неизвесна. Според „ESPN“, одлуката за иднината на Холанѓанецот ќе потрае некое време.

Ко-сопственикот на клубот Џим Ретклиф и неговите соработници започнаа со анализа на сезоната што ќе ги разгледа сите аспекти на работењето на клубот.

Ќе се разгледува и иднината на Тен Хаг, кој има уште една година од договорот.

Се вели дека Тен Хег ги зголемил своите шанси за останување на „Олд Трафорд“ по освојувањето на ФА Купот.

Компанијата на Ретклиф ги разгледа потенцијалните замени за Тен Хаг, вклучувајќи ги Томас Тухел, Маурисио Покетино, Томас Френк и Киеран Мекена. Јунајтед е заинтересиран и за Герет Саутгејт и Роберто Де Зерби.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шокаровски: Не е точно дека е зголемена смртноста откако сум назначен за директор, моето разрешување е незаконско

Следно

„Mоите најмили“: Семејниот портрет на семејството Алабакоски ги воодушеви сите (фото)

Latest from Blog

Ќе се основа Факултет за медицински науки и здравство при Битолскиот универзитет

Денеска на 74-тата владина седница разгледана и усвоена е информација за потреба за основање Факултет за медицински науки и здравство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Како што велат од Владата,

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го преземе Министерството за здравство – во игра Клековски и Андоновска?

Арбен Таравари официјално ја напушти владината коалиција, со што неговиот мандат како министер за здравство наскоро ќе заврши. Веќе се појавуваат шпекулации за тоа кој ќе го наследи на оваа позиција. Иако

ДЗР: Од 34 општини, гуп-овите на 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител

Од 34 дури 22 oпштини не го исполнуваат препорачаниот стандард за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител. Ова го покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија на тема

Генералниот секретар на НАТО, Руте: Турција е цврст и способен сојузник

ИСТАНБУЛ (АА) — Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја нарече Турција цврст и способен сојузник, по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турската престолнина Анкара, јавува Анадолу. „Разговаравме и
Go toTop