На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално.
„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:
„Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес“.
Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.
Извор: kurir.mk


