Макрон до Рама: Вашиот глас е драгоцен за нормализација на односите Косово-Србија

April 12, 2024
1 min read

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го поздрави, како што рече, посебниот и силен глас на Албанија во регионот и на меѓународната сцена.

На заедничката прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, кој е во дводневна официјална посета на Франција, Макрон му порачал дека „во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Србија и Косово, каде што вашиот глас е многу значаен“.

– Албанија е силен глас и во Советот за безбедност на Обединетите нации во последните две години. Бевте домаќини на регионален самит на кој го поканивте и украинскиот претседател Володомир Зеленски, што беше дополнително зајакнување на поддршката за Украина, истакна Макрон, јави Ора њуз.

Рама, од своја страна, високо ги оцени односите меѓу двете земји, додавајќи дека „Албанците ги ценат своите пријатели”.

Тој му гарантирал на Макрон дека доколку Франција во одреден момент има проблем, „не треба да се двоуми туку да повика Албанец”.

-Албанците беа скептични кон Франција пред неколку години, но сега знаат дека Албанија има уште еден пријател. Ние Албанците не сме богати, но имаме единствена способност: Ако еден ден бидете во момент на тешкотија, повикајте Албанец и тој ќе дојде, рекол тој.

Рама придружуван од сопругата Линда и повеќечлена владина делегација во Париз допатува вчера попладне.

Предвидено е двете земји да потпишат неколку договори и меморандуми за разбирање меѓу двете земји.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ГЕОРГИНА СЕ СЛИКАШЕ ВО МИНИЈАТУРНО БИКИНИ – Карлеуша веднаш се огласи со коментар во нејзин стил (ФОТО)

Следно

КАВАЛИ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ГО ДОБИЛ ШЕСТОТО ДЕТЕ – му го родила 45 години помладата избраничка, еве која е таа!

Latest from Blog

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

Во понеделник, во 10:00 часот наутро, ќе разговарам телефонски со претседателот Владимир Путин од Русија. Темите на разговорот ќе бидат запирање на „крвопролевањето“ што убива, во просек, повеќе од 5000 руски и

Семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска оддржуваат нов протест

Со транспаренти барајќи правда за трагедијата и фотографии на загинатите носејќи ги на гради во првите редови на колоната, започна протестниот марш во Кочани. Маршот на Ангелите организиран по 6ти пат движејќи

Дејан Георгиевски ќе се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо

Најдобриот македонски спортист утре во Софија се бори на еден од најсилните турнири во светот на олимписко таеквондо, Президент Куп Г3! Медал од овој значаен турнир ќе значи многу за македонскиот спорт,

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување

За еден месец, 37 Центри за социјална работа ќе добијат обезбедување од лиценцирана компанија. Јавната набавка, која неодамна ја објави Министерството за социјална политика, завршува оваа недела и се бараат вкупно 60
Go toTop