А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври следуваат два клучни натпревари – гостувањето кај Белгија на 10 октомври во Гент и дуелот со Казахстан на 13 октомври во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери без поголеми изненадувања. Од составот отпаднаа повредениот Лирим Ќамили и Димитар Митровски, а повратник е Давид Бабунски од Вардар.

Во составот се следните 26 играчи:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Во моментов, Македонија е лидер на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс, што го прави овој октомвриски циклус клучен за пласманот на Мундијалот.