Македонски планинари го вратија државното знаме на Кораб

1 min read

Македонското знаме повторно се развиори на највисоката точка на земјава, планинскиот врв Кораб. Наместо државните служби македонските планинари го вратија повторно државното знаме на Македонија откако пред три држајванин на Албанија извесен Изет Шулку го симна знамето на Македонија и го замени со албанско. Македонските планинари на социјалните мрежи напишаа- „Македонија секогаш има храбри синови“.

 

Од Министерството за внатрешни работи уште работат на расчистување на случајот.

МВР Гоце Андреевски

„Во врска со објавеното видео на социјалните мрежи, на кое едно лице на Кораб го отстранува македонското знаме и на негово место го поставува знамето на република Албанија. Министерството за внатрешни работи ве известува дека секторот за компјутерски криминал превзема соодветни мерки, при што е утврдено дека лицето не е државјанин на нашата држава. По целосно расчистување на случајот јавноста ќе биде информирана. “

Видеото со симнувањето на државниот симбол на ФБ го постави самиот Шулку, а МВР објави дека станува збор за странски државјанин и дека случајот се истражува. Пред две години, според дел од медиумите Шулку го искинал и информативниот натпис на врвот Голем Кораб на македонски јазик, а корисникот на ФБ кој го постирал тоа видео напишал дека Шулку е сеалбански патриот, планинар, познат како „дебарскиот Тарзан“.

Во кривичниот законик е предвидена казна за вакви дела. Во членот 178 од КЗ, Повреда на угледот на Република Македонија стои: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, ќе се казни со парична казна.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Реакции за одлуката на врховниот суд за Трамп

Следно

Хезоња уште пет години во Реал Мадрид

Latest from Blog