Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации

June 6, 2025
1 min read

Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се очекува да имаат поддршка од околу 25.000 гледачи од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во дуелот против главниот претендент за водечкото место во квалификациската група Ј.

По двата воведни дуели, Македонија е првопласирана во групата со четири бодови, по триумфот на гостински терен над Лихтенштајн и ремито против Велс во Скопје.

Вечерашниот дуел со почеток во 20:45 часот на Арената во Скопје ќе биде петти меѓусебен дуел во кој Македонија ќе се обиде да ја забележи првата победа над Белгија, по ремито (1-1) во 1994 година, и трите порази (5-0 – 1995) и 2-0 и 1-0) во 2013 година.

Јунскиот циклус во рамки на мундијалските квалификации Македонија ќе го заокружи на 9 јуни со гостување во Казахстан.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Еруптира вулканот Фуего во Гватемала, евакуирани стотици луѓе

Следно

Спасено животно за курбан кое скокнало во морето по бегството

Latest from Blog

Атанасов: Одлично ѝ париравме на Белгија

Одигравме реми против големата Белгија, но нашата фудбалска репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.Еден од репрезентативците Јани Атанасов по натпреварот

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски во гостување во вестите на телевизија „Алсат-М“, истакна дека за трагедија во Кочани, која е трагедија од најголеми размери која се случила во државата мора да има

Правдата стигна: Џани Алиоски со гол за најавни шпици (ВИДЕО)

Се отвори небото над Скопје, арената е во ерупција по одличниот натпревар и храбриот меч на македонската фудбалска репрезентација која има фантастични 1:1 со пресилната и далеку фалена Белгија! Прекрасно издание на

Вистината за Кочани: Мицкоски ја попречува истрагата и стои на патот на правдата

СДСМ и денеска продолжува да ја објавува вистината за Кочани. Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денеска на прес конференција праша зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни
Go toTop