Македонија домаќин на светски енергетски форум: „Од цели кон акција – енергија за иднината“

October 8, 2025
1 min read

Од 28 до 30 октомври, Скопје ќе биде центар на глобалните разговори за енергетска иднина, како домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (14-IFESD). Настанот ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“, а ќе собере над 300 учесници – владини претставници, креатори на политики, експерти, бизнис лидери, академици и претставници на граѓанското општество.

Годинешната тема, „Од цели кон акција: Енергија за иднината со одржлив развој“, ќе биде во фокусот на дискусиите за енергетска поврзаност, енергетска безбедност, праведна енергетска транзиција и меѓународна енергетска соработка. Форумот ќе служи како платформа за обликување на конкретни стратегии кои ќе го забрзаат напредокот кон глобалните цели за одржлива енергија и реализацијата на Агендата 2030 на Обединетите нации.

Настанот е организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на ОН – ЕКОСОК за Европа (UNECE), Азискиот и Пацифичкиот регион (UNESCAP), Латинска Америка и Карибите (UNECLAC), Африка (UNECA) и Западна Азија (ESCWA).

 

Меѓу говорниците се очекуваат премиерот Христјан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски и министерот за енергетика и рударство на Црна Гора Адмир Шахмановиќ.

Еден од сегментите на првиот ден на форумот ќе биде посветен на можностите за намалување на метанските емисии од јагленскиот сектор, а ќе се одржи во хибриден формат – со физичко и онлајн учество.

Минатогодишното издание на IFESD беше одржано во Бангкок.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Франција останува без Мбапе и Конате за мечот со Азербејџан

Следно

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар:Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

Latest from Blog

Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2

Компаниите во Србија што произведуваат цемент, железо, челик, алуминиум, вештачко ѓубриво, но и електрична енергија – компании што се класифицирани како „големи загадувачи“ поради природата на нивната работа – ќе мора да

Бразилците од Њукасл доживеаја авионска драма, по 12 часа лет слетаа во Амстердам

фото: SportyFM Ghana (X) Фудбалерите на Њукасл, Жоелинтон и Бруно Гимараеш, преживеале вистинска драма во обид да се приклучат на собирот на бразилската репрезентација во Јужна Кореја. Таму тимот предводен од Карло

ЕУ воведува биометриски контроли за влез и излез за граѓаните надвор од унијата од 12 октомври

Од недела, 12 октомври, Европската Унија воведува нов биометриски систем за контрола на влез и излез (SUI) за сите граѓани кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, а проверките ќе

НЕ МУ СЕ БРЗАЛО ДА СИ ПОДИГНЕ 120 МИЛИОНИ ЕВРА По две недели се појави добитникот на „Евроџекпот“

Околу две недели откако беа извлечени добитните броеви, се појави среќниот и „мистериозен“ добитник на европската лотарија „Евроџекпот“, со добивка вредна 120 милиони евра. Тоа е маж на возраст меѓу 30 и

Гоцевски: Нова урбана населба за младите брачни парови во Делчево

Драги делчевчани, ова зад мене е просторот на поранешното стрелиште, ќе создадеме нова урбана населба за домување,изјава на Иван Гоцевски, кандидат за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ. Нови брачни парови да
Go toTop