Македонија домаќин на светски енергетски форум: „Од цели кон акција – енергија за иднината“

October 8, 2025
1 min read

Од 28 до 30 октомври, Скопје ќе биде центар на глобалните разговори за енергетска иднина, како домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (14-IFESD). Настанот ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“, а ќе собере над 300 учесници – владини претставници, креатори на политики, експерти, бизнис лидери, академици и претставници на граѓанското општество.

Годинешната тема, „Од цели кон акција: Енергија за иднината со одржлив развој“, ќе биде во фокусот на дискусиите за енергетска поврзаност, енергетска безбедност, праведна енергетска транзиција и меѓународна енергетска соработка. Форумот ќе служи како платформа за обликување на конкретни стратегии кои ќе го забрзаат напредокот кон глобалните цели за одржлива енергија и реализацијата на Агендата 2030 на Обединетите нации.

Настанот е организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на ОН – ЕКОСОК за Европа (UNECE), Азискиот и Пацифичкиот регион (UNESCAP), Латинска Америка и Карибите (UNECLAC), Африка (UNECA) и Западна Азија (ESCWA).

 

Меѓу говорниците се очекуваат премиерот Христјан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски и министерот за енергетика и рударство на Црна Гора Адмир Шахмановиќ.

Еден од сегментите на првиот ден на форумот ќе биде посветен на можностите за намалување на метанските емисии од јагленскиот сектор, а ќе се одржи во хибриден формат – со физичко и онлајн учество.

Минатогодишното издание на IFESD беше одржано во Бангкок.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција останува без Мбапе и Конате за мечот со Азербејџан

Следно

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар:Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

Latest from Blog

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во

Девет месеци по новиот предлог, законот никако да се донесе: Претседателката помилува, новите правила на чекање

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, неодамна, на 2 Август – Илинден, помилува 25 осудени лица, но и годинава тоа беше направено врз основа на законските одредби донесени уште во 1993 година. Новите
Go toTop