Македонија доби трет мобилен оператор: „Оне Македонија“ доби радиофреквенциски спектар

January 23, 2026
2 mins read

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, ги врачи трите одобренија што се доделуваа со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4иГ, Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „Оне Македонија“, и на Габор Алтман, заменик-извршен директор во компанијата.

– Очекувам сериозен удел на пазарот. Со спроведениот трансперентен и структуриран процес на тендерот се испраќа јасен сигнал дека Македонија е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на доверливи дигатални инфаструктури – рече Заранди.

 

Тој најави дека ќе имаат нивна автономна мрежа и оти нема да зависат од другите за што ќе ангажираат експерти што ќе прават истражувања на пазарот како најдобро да се позиционираат.

– За да бидеме целосно независни, тоа бара време и затоа ќе ја користиме мрежата на нашите конкуренти за т.н. национален роаминг. Првично ќе ја лансираме мрежата во Скопје, а потоа и на територијата на цела Македонија – рече Заранди најавувајќи дека ќе имаат договор со „Ериксон“ и ќе се придржуваат до законите на државата за користење безбедна мрежа.

Игор Бојаџиев, претставник на Агенцијата за електронски комуникации, соопшти дека „Оне Македонија“ на 14 јануари го уплатил еднократниот надомст во износ од 8.020.003 евра, со што ги исполни сите услови да ги добие трите одобренија.

Новиот оператор до крајот на март 2027 година треба да покрие еден град со 5Г, до крајот на 2028 година главните коридори, а до крајот на 2030 година сите градови во државата. До крајот на 2032 година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година, официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски во изјава за медиумите тогаш оцени дека официјализирањето на интересот за влез на пазарот од Групацијата 4иГ ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператора во земјата и намалување на цените за мобилни услуги.

На 22 април 2025 година Агенцијата за електронски комуникации отвори јавна расправа, која резултира со писмa за искажување интерес од „Оне Македонија телекомуникации“ ДООЕЛ Скопје, „Битстрим мобиле“ ДООЕЛ Скопје и од „Е&ппф телеком груп Б. В“., а на 19 јули 2025 година донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно наддавање за доделување одобренија за користење радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

Единствен квалификуван понудувач на тендерот беше „Оне Македонија телекомуникации“, а одлуката за избор на најповолен понудувач на тендерот беше донесена на 12 јануари годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познати номинираните за Оскари

Следно

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Latest from Blog

Ристовски во Канал 5: Нашата цел е стабилен и одржлив спортски систем

Приоритет на Министерството за спорт со поддршка од Владата е прво да направиме спортска инфраструктура и да го подигнеме македонскиот спорт од оној слободен пад во којшто беше затекнат, истакна министерот за

Македонска пошта: Платите се обезбедени – Штрајкот е политички мотивиран

„Македонска пошта“ го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна

Божиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за женско лидерство во енергетиката

Со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин ВолфгангМаиер, официјално беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, посветен на јакнење на улогата на
Go toTop