Божиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за женско лидерство во енергетиката

January 23, 2026
1 min read

Со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин ВолфгангМаиер, официјално беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, посветен на јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор.

Настанот се одржа во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која го поздрави стартот на проектот и истакна дека ваквите иницијативи се клучни за градење порамноправна, поиновативна и поотпорна енергетска иднина.

Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Александра Витман, преку видео обраќање потврди долгорочна посветеност на ЕВН Групацијата кон родовата еднаквост и разновидност како двигател на развојот во енергетскиот сектор.

 

Проектот ПУЛС, презентиран од г-ѓа Анета Петровска-Русомароски, раководител на Одделот за иновации, одржливост и заштита на животната средина во ЕВН Македонија, опфаќа менторство, инклузивно лидерство, регионални и меѓународни соработки и создавање мрежа на жени.

Настанот беше заокружен со дискусија со проф. д-р Сашко Кедев, кој испрати порака за истрајност, храброст и лична и колективна одговорност. Проектот ПУЛС ја потврдува заложбата на ЕВН да биде активен двигател на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина.

 

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

КАРАМЕЛ КОЦКИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТАТА: Готови се за 20 минути и одат одлично со кафе

Следно

Македонска пошта: Платите се обезбедени – Штрајкот е политички мотивиран

Latest from Blog

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна

Денеска на Мундијалот: Стартува “Последниот танц“ на Роналдо, мега – дерби меѓу Англија и Хрватска

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL На програмата се нови четири средби од 23.Светско првенство. По се она што синоќа го направија Килијан Мбапе и посебно Лео Меси, сега сите погледи се вперени кон Кристијано Роналдо и
Go toTop