Screenshot

Македонија доби нов Закон за обновливи извори: Повеќе инвестиции, поголема енергетска независност

July 1, 2026
2 mins read

Собранието го усвои новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетскиот сектор во последните децении. Со ова законско решение, за првпат обновливите извори на енергија се регулираат со посебен закон кој воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини истакнуваат дека новиот закон треба да придонесе за долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти, поголемо учество на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија, поголема сигурност во снабдувањето на потрошувачите, диверзификација на производството на енергија, намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови, како и подобра заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

Министерството нагласува дека со усвојувањето на законот се создава поголема правна сигурност за инвеститорите, нови можности за граѓаните и компаниите, поефикасни институционални процедури и целосно усогласување со европските политики во областа на обновливите извори на енергија. Според нив, ова претставува темел за развој на почиста, поконкурентна, поодржлива и посигурна енергетика.

Во соопштението се наведува дека во националното законодавство се транспонирани најновите европски правила, меѓу кои и Директивата за промоција на користењето на енергија од обновливи извори. Усогласувањето со оваа директива е дел од Реформската агенда на државата и претставува значаен чекор во процесот на енергетска транзиција.

Законот предвидува мерки насочени кон диверзификација на економскиот модел преку развој базиран на знаење, поефикасно користење на ресурсите, поттикнување инвестиции, развој на зелена и паметна инфраструктура, производство на чиста енергија, развој на нови вештини и постепено намалување на зависноста од фосилните горива.

Главната цел на законското решение е да ја зајакне сигурноста во снабдувањето со енергија, да овозможи исполнување на обврските преземени со Договорот од Париз, да придонесе кон исполнување на националните цели за користење на обновливи извори на енергија и да обезбеди усогласеност со стратешките документи, меѓу кои и Интегрираниот национален план за енергија и клима.

Законот е организиран во 16 глави, со кои се регулираат надлежностите на институциите, националните цели за обновлива енергија, мерките за поддршка, гаранциите за потекло, статусот на потрошувач-производител, енергетските заедници, користењето на обновливите извори во секторите греење, ладење и транспорт, прекуграничната соработка, лиценцирањето и надзорот.

Една од најзначајните новини е воведувањето на европскиот модел Two-way Contract for Difference (двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата). Овој механизам обезбедува финансиска предвидливост за инвеститорите, гарантира минимален приход за производителите на електрична енергија, а во исто време овозможува ограничување на прекумерните добивки во услови на високи пазарни цени, што обезбедува дополнителна заштита за граѓаните и стопанството.

Дополнително, законот воспоставува транспарентен, конкурентен и недискриминаторен систем за доделување мерки за поддршка преку повластени тарифи и пазарни премии, со цел поефикасно искористување на обновливите ресурси, привлекување нови инвестиции, отворање работни места и воведување современи технологии.

За првпат законски се регулираат и механизмите нето-мерење (Net metering) и нето-пресметка (Net billing), со што домаќинствата, компаниите и институциите ќе можат активно да произведуваат, користат и управуваат со електрична енергија од сопствени обновливи извори.

Новото законско решение воведува и јасна правна рамка за формирање и функционирање на граѓански енергетски заедници, преку кои граѓаните, општините и компаниите ќе можат доброволно да се здружуваат за заедничко производство, складирање, потрошувачка и продажба на електрична енергија, како и за реализација на локални енергетски проекти што ќе носат економски, еколошки и социјални придобивки.

Законот ја унапредува и националната рамка за гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори. Со неговото стапување во сила се создаваат услови националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ да стане полноправна членка на Европската асоцијација на издавачки тела (AIB) и да се приклучи кон AIB HUB, европската мрежа за прекугранична трговија со гаранции за потекло.

Со тоа, македонските производители на зелена електрична енергија ќе добијат можност нивните гаранции за потекло да бидат признаени и тргувани на европскиот пазар, што ќе придонесе за поголема конкурентност и интеграција на домашниот енергетски сектор во европскиот енергетски систем.

Од Министерството најавуваат дека по стапувањето во сила на законот ќе започнат активностите за воспоставување аукциска платформа за тргување со гаранции за потекло, со што целиот систем ќе стане целосно функционален.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Следно

ВЛЕН: Од зборови кон дела – стотици проекти во општините

Latest from Blog

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на

Шпанија го заврши вториот најтопол јуни досега со речиси 900 смртни случаи од топлина

Шпанската метеоролошка агенција Aemet вели дека јуни бил „екстремно жежок“, втор најтопол од 1961 година. Се проценува дека топлотниот бран предизвикал речиси 900 смртни случаи, според системот за следење на MoMo. Шпанија

Како да се од некоја друга планета: БРИЛИЈАНТНА Франција!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Франција – Шведска 3:0. Уште едно блескаво, фантастично, брилијантно издание на „Триколорите“. Оваа Франција како да е од некоја друга планета.Оваа Франција е моќна, моќна. Вистински празник е за фановите да
Go toTop