Македонија денеска го чествува државниот празник 11 Октомври – ден на народното востание

October 11, 2024
1 min read

Храброст, пркост и голема желба било да се ослободи народот кога на 11 октомври почнало востанието против фашизмот во Македонија со нападот кој прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршил во Прилеп во 1941 година, вака денеска претставник на борците во Куманово го честиташе празникот на народното востаните.

Претседателката Силјановска Давкова по повод празникот на граѓаните изјави дека нам никој не ни ја подарил државата, туку сами сме се избориле за неа. Затоа, истакна таа ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народно ослободителната и антифашистичката борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава. 

Премиерот Христијан Мицкоски во четитката за 11 октомври им порача на граѓаните дека само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет. 

– Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас. – Мицкоски.

Првиот човек на законодавниот дом Африм Гаши пак во својата честитка фокусот го стави на херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава.

– Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес. Денес, Република Северна Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници. На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба – денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Северна Македонија. – Африм Гаши претседател на Собрание.

Честитки по повот празникот имаше и од опозицијата, лидерот на СДСМ Венко Филипче во честитката изрази жалење дека актуелната власт е првата македонска Влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата.

По повод празникот во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије и Србија денес потпишаа 11 договори за соработка во различни области

Следно

Оштетувал икони на крстот во Драчево, го уапсиле на лице место

Latest from Blog

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Пожарот во струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, соопшти вечерва Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин

Ердоган учествуваше на онлајн состанок на европските лидери за Украина и одбраната

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на онлајн​​​​​​​ состанок на европските лидери, јавува Анадолу. Ердоган на состанокот учествуваше од палатата „Долмабахче“ во Истанбул, придружуван од турскиот министер за

Лондонскиот аеродром Хитроу обнови некои летови по прекинот на електричната енергија

ЛОНДОН (АА) – Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе продолжи со некои летови во текот на денот по престанокот поради прекинот на електричната енергија, известува Анадолу. Портпаролот на Хитроу се извини за

Удрено 12-годишно девојче на „Партизанска“ – возачот уапсен

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко

Марш во Прилеп: Мртвите најгласно молчат

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од
Go toTop