Македонци кои живеат во Виена ја донесоа надгробната плоча на гробот на Тодор Паница во Музејот на Македонија

February 24, 2023
1 min read

Петар Кајевски и Дарко Стојанов со малку напор и многу среќа помеѓу 300.000 гробови сосема случајно наидуваат на спомен-плочата на македонскиот револуционер Тодор Паница. Плочата била во лоша состојба и пред отстранување, па тука започнала мисијата да се реставрира што побрзо и да се добијат потребните дозволи за да се пренесе. По 40 години плочата доби нов дом.

Некако случајно ја пропуштивме Паница иако и двајцата имаме зборувано експлицитно да го побараме гробот на Тодор Паница и од негде се појави, од 300.000 гробови наидовме во вистинска секција. Луѓе на виенските гробишта се чудеа како до сега не била фрлена плочата. Тоа се спаси летото и пред околу месец дена се решив дека правото место за плочата е во Музејот на Македонија. Се поврзавме веднаш, ентузијастички, беше недела се договоривме веднаш, се поврзавме со Марија Милчин која ја знам лично од Виена и испадна дека е конзерватор на камен, во рок од една недела веќе плочата беше кај мене дома со потребните дозволи за да се извади од гробиштата, вели Петар Кајевски за Канал 5.

Текстот на плочата е всушност изгравиран на парче од друг поголем надгробен мермер и тежи околу 8 килограми. Прописите сега налагаат да се изработи копија од истата за гробното место во Виена.

Кога ја гледаме историјата кои улогите на сите луѓе, кој е Паница, кои се неговите противници, сите се тоа приказни на кои има 101 перспектива и погледи, не еден. Тоа што би сакал да го подвлечам, во контекст на она што е вистинско време, е да поттикнам и други луѓе кои се во можност да најдат работи, кои имаат свои приватни колекции, да се потрудат некои од тие работи да ги донесат во институции и, како и да е, да бидат систематски зачувани во Македонија.“ , вели Петар Кајевски.

Тодор Паница бил учесник во македонското револуционерно движење, членувал во Македонската револуционерна организација, бил приврзаник на Серската група и е еден од основачите на ВМРО Обединета. Бил застрелан во виенскиот Бургтеатар од Менча Карничева, сопруга на Ванчо Михајлов, по негова нарачка.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието на ОН гласаше за итно повлекување на руските трупи од Украина

Следно

Продолжува седницата за избор на нови министри во Владата

Latest from Blog

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот

Сали: Соработката со Турција продолжува да ги зајакнува институционалните капацитети и процесот на европска интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува

Коњановски: Светското фолклорно шаренило е најубавата промоција за Битола

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба
Go toTop