Лошо изведен ремонт: РЕК Битола работи само со два блока

December 9, 2024
1 min read

Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од мрежата заради потреба од интервенција на собирникот и транспортерот на несогорени фрагменти од јаглен, информираа вчера од ЕСМ.

Овој застој, според нив, е резултат на неквалитетно извршените ремонти од страна на претходното раководство на РЕК Битола.

По брзата интервенција на вработените, штетата е минимизирана, а блокот ќе биде вклучен во мрежата најдоцна до денес.

„Капацитетот се очекува да биде вклучен и синхронизиран  на мрежа, во текот на утрешниот ден, или најдоцна до задутре во раните утрински часови. За да биде појасно,  доколку компонентите во системот за собирање на остатоците од несогорениот јаглен функционираа соодветно и доколку врз нив беше направен  редовен ремонт, постоеше можност да се интервенира без потреба од целосно исклучување на блокот. За жал, и во текот на редовниот ремонт на ТЕ Битола 3, истите компоненти не подлегнале на соодветна техничко технолошка нега. Ова е само уште еден доказ за неодговорниот однос на поранешното раководство кон еден од стратешки најважните државни капацитети“, велат од ЕСМ.

Новиот тим во ЕСМ вложува напори за обезбедување стабилност во производството на електрична енергија, бидејќи ТЕ Битола 1 не беше ремонтирана годинава, иако тоа требаше да се направи по завршувањето на минатата грејна сезона.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Ноќната стража“ на ДУИ во кратка средба со полицијата

Следно

Најмногу снег на Попова Шапка, 47 сантиметри снежна покривка

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop