Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

November 26, 2024
2 mins read

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на панел дискусија по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство во организација на Агенциите на ООН во земјава, под слоганот: „Нема Оправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата!“

Почетокот на кампањата се одбележа со отворена дискусија за значењето на заедничкото делување против родово базираното насилство, проследено со проекции на кратки видеа, како и моќната уметничка изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска во Музеј на град Скопје.

Во своето излагање пред присутните Лимани се осврна на клучните чекори потребни за да се подобри одговорот на насилството врз жените и семејното насилство со фокус на меѓуинституционалната соработка. Притоа, нагласи дека насилството се случува во сите делови на општеството, во секоја култура и социјална група и претставува злоупотреба на моќта, кој има разорувачки, физички, емоционален, финансиски и социјален ефект на жените и девојчињата. Како и дека за жал, се уште многу жени и девојчиња страдаат во сенка, не знаејќи за своите права и помошта која може да ја добијат од страна на релевантните институции и организации.

„Една мудрост вели – во стварноста, реалноста е поинаква! Оваа мисла ми дојде на ум следејќи ги последните бројки за насилството врз жените и семејното насилство кои ја отсликуваат 2024 година (јануари-септември), отприлика вака: Ново евидентирани случаи 1.439 жртви, од нив жени 1.040, мажи 227 и деца 172! Ако на ова ја додадеме и темната непријавена бројка на жени кои трпат насилство, си даваме за право постојано да говориме дека – НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ: ДА ПРЕЗЕМЕМЕ АКЦИЈА ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА!“ порача Лимани.

Тој посочи дека, институциите согласно националната легислатива имаат мандат за преземање на предвидените мерки и механизми на заштита, со поединечни овластувања кои се точно определени, како и обврските и одговорноста за постапување. Тој упати на важноста од постапувањето со должно внимание за интересите и потребите на жртвата од страна на институциите при преземањето мерки за превенција и заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

„Еден од најсериозните проблеми е непријавувањето на насилството од страна на жртвите, што е најчесто резултат од недовербата во институциите, односно од недоволната сензибилност на службените лица од различни сектори кои постапуваат во случаите на насилство врз жени и семејно насилство,“ рече Лимани.

На прашањето до каде сме како држава во оваа област по 30 години од усвојувањето на Пекиншката декларација за акција, Лимани се осврна на сите стратешки документи кои нашата држава ги има усвоено, како Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (2017 год.), Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство (2021 год.), измени и дополнувања на Кривичниот закон, Протокол за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Програма за реинтеграција на жртви на насилство. Тој посочи дека, во следниот период министерството ќе се фокусира на изготвување на осумгодишна Национална стратегија за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, со Акциски план за спроведување на предвидените мерки и активности од стратегијата.

„Приоритет на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Владата на Република Северна Македонија е да имаме ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, нивна реинтеграција во системот, како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството“, порача Лимани.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Заврши COP29, центарален фокус на финасирањето за климата 

Следно

„Италија нема да праќа војници во Украина“

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop