Денеска на програмата се мечевите од осмото коло од овогодинешната Лига на Шампиони, во кое мора да се признае дека нема некое поголемо дерби. Сепак, во оваа конкуренција се најдобрите екипи во Европа, па речиси и да нема лесен противник или ривал.
Лидерот Арсенал, може да се каже дека има релативно лесна задача, затоа што на свој терен го пречекува тимот на Каират. Од друга страна пак, Баерн Минхен, кој што е второпласиран оди на гостување во Холандија, кај ПСВ.
Тимот на ПСЖ има може да се каже посериозен предизвик пред себе затоа што во Париз пристигнува екипата на Њукасл. Сити пак има турски ривал оред себе во името на Галатасарај.
Што се однесува пак до Наполи и нашиот Елиф Елмас, во Неапол доаѓа екипата на Челзи.
Двојки:
Ајакс – Олимпијакос
Арсенал – Каират
Атлетик Билбао – Спортинг Л.
Атлетико Мадрид – Бодо
Барселона – Компенхаген
Баер Л. – Виљареал
Банфика – Реал Мадрид
Клуб Бриж – Олимпик Марсеј
Борусија – Дортмунд – Интер
Ајнтрахт – Тотенхем
Ливерпул – Карабах
МАнчестер Сити – Галатасарај
Монако – Јувентус
Наполи – Челзи
Пафос – Славија Прага
ПСЖ – Њукасл
ПСВ – Баерн Минхен
Ројал Унион – Аталанта
Сите мечеви стартуваат од 21:00 часот.
Извор: vecer.mk


