Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори.
На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, Мециновиќ избегна да даде конкретен одговор, со што индиректно потврди дека нема да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ туку на ДУИ.
„Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече Мециновиќ.
Иако партијата во текот на кампањата жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немале сопствени кандидати со што индиректно ја поддржувале коалицијата Вреди, а сега токму Левица се наоѓа во истата позиција, која од жестоки критики преминува во тактички молк и го олеснува патот на ДУИ да ја задржи власта во Кичево.
Ваквиот одговор на Мециновиќ покажува дека Левица ќе го поддржи кандидатот Фатмир Дехари, со што очигледно е дека „неутралната“ Левица е најсилен сојузник на ДУИ во Кичево.
Извор: kurir.mk


