ЛЕГЕНДАРНИОТ ТЕНОР ПЛАСИДО ДОМИНГО ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 14 МАРТ

November 18, 2024
1 min read

Легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, ќе одржи концерт во Скопје на 14 март следната година, во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот, објави продукција „Прагма“ која го организира концертот во копродукција со Националната опера и балет (НОБ).

На концертот во Скопје Доминго ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија

Хозе Пласидо Доминго Ембил е шпански оперски пејач и диригент со преку 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот. Доминго го нарекуваат најпознатиот Отело во неговата генерација, настапувајќи го главната улога во операта на Џузепе Верди. Има освоено 12 Греми награди. Доминго е основач и претседател на меѓународниот натпревар за пеење „Опералија“, и а е активно вклучен во откривање млади оперски таленти. Многу актуелни оперски ѕвезди, како Ервин Шрот и Роландо Вилазон, кариерата ја почнале токму како победници на Опералија.

Имал повеќе од 4.400 настапи како тенор и повеќе од 600 настапи како диригент. Бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Во 2017, Доминго дојде во Скопје на 24 часа, за да го гледа Реал Мадрид како го освојува УЕФА Супер купот, а беше гостин на блискиот другар Аки Нуредини во неговиот дом во тетовското село Камењане. Нуредини, чиј прочуен ресторан во Виена е неформално сврталиште на сите оперски ѕвезди, а самиот е оперски импресарио, со Доминго го врзува повеќегодишно пријателство.

Во интервјуто за САКАМДАКАЖАМ.МК во таа пригода, на прашањето каков совет им дава на младите пејачи, Доминго рече – да бидат внимателни.

„На младите пејачи им велам дека мора да бидат многу внимателни – ги има толку многу. Мора да научат да не прифаќаат улоги кои не им одговараат ни нивните гласови. Тоа не е лесно, особено што има голем притисок од директорите на оперите. Но директорите имаат друг интерес, кој неретко е различен од оној на пејачот, па ако не одолеееш на притисокот може да завршиш со погрешни улоги кои сериозно ќе ти ја засегнат кариерата“, рече тогаш Доминго во интервјуто за САКАМДАКАЖАМ.МК.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Косово иСеверна Македонија ќе имаат економска соработка од над половина милијарда евра

Следно

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop