Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

November 25, 2024
1 min read

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на крајот од денот навистина имаме луѓе кои ниту ја разбираат материјата, ниту ја познаваат да ја решаваат истата, а тоа сте вие и Социјалдемократите“, вели Миле Лефков пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за депонијата во Кочани во текот на денешната расправа по поднесените амандманите за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет.

Лефков појаснува дека впрочем оваа депонија која е всушност диво одлагалиште не гори две годни како што обвинуваат од опозицијата, туку гори цели седум години, факт кој никако не смее да се прескокне и додава дека истата никогаш и не биле подобро уредена до сега.

„Извршена е и механичка и биолошка преработка на депонијата, таа е спремна целосно да ги прими овие количини затоа што конечна цел е да си изгради и да се оди кон регионализација, за што и самите кажавте дека има заеднички повик меѓу Европската комисија и Министерството за финансии, тоа е крајната цел“, прецизен е Лефков.

Според него додека сите во Кочани очекуваат да заврши јавниот повик успешно и депонијата да биде затворена, СДС и Левица се обидуваат да го саботираат бидејќи очигледно не се свесни дека Кочани е котлина околу која гравитираат околните општини и ако има палење на една депонија, ѓубриште, одлагалиште, тогаш ќе има загадување на целата котлина.

„Да ве потсетам дека таа котлина претставува фабрика за храна, едно од најголемите производители на храна во државата за коешто е важно да имаме еколошки одржлива средина и сега вашиот предлог е да инвестираме во депонија којашто треба да биде затворена или реалоцирана. И зошто не кажете уште една вистина дека од кога е владата на ВМРО-ДПМНЕ, за само четири месеци се направи такво уредување коешто никогаш претходно не било направено“, посочува Лефков.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Следно

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Latest from Blog

“Muchachos“: Аргентина ја брани титулата од Катар 2022! Епско финале и радоста на Меси, тагата на Мбапе!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе

ЈКП Комуналец Прилеп: Обновено осветлувањето на стадионот со вештачка трева во Типската населба

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира спортистите и граѓаните кои практикуваат рекреативен спорт дека се заменети и повторно се ставени во функција сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во Типската населба.

(ВИДЕО) ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови рефлекторите на стадионот со вештачка трева, овозможени и вечерни тренинзи

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и

Инфантино околу спорниот судија од Сомалија: Ние не сме семоќни

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал
Go toTop