Лазаров: Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот со мојата Македонија!

May 12, 2024
1 min read

Своето видување за натпреварот го изнесе селекторот Кирил Лазаров, кој изјави дека ова е еден од посреќните денови во неговиот живот.

„Јас сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа дека овие момци може да направат пресврт и подвиг. Сакам да се заблагодарам на публиката која покрај лошиот резултат на гости дојде дома да не бодри по којзнае кој пат. Пресреќен сум што може да кажам дека го одигравме најдобриот натпревар.

Тотална контрола на играта, без судиска поддршка во текот на целите 60 минути. Добивме една квалитетна репрезентација за која кажав во повеќе наврати уште со која пред да играме дека е добра, а многумина ми ја сфаќаа изјавата како алиби за евентуален неуспех. Може да бидам слаб и да изгубам, но тоа да го поднесам стоејќи, па да тргнам и да продолжам понатаму. Се вративме од многу лош резултат, прифаќам дека бевме слаби, но имаше и други фактори кои придонесоа да бидеме уште послаби. Ова е голема работа за македонскиот ракомет, затоа што ќе биде првпат оваа нова генерација без старите играчи преку бараж да се пласира за СП 2025. Едно е квалификации, друго е бараж. Имаме големо срце. Никогаш не сум бил алиби-играч, нема да бидам ни алиби-тренер. Ова е еден од посреќните денови во мојот живот и со мојата Македонија

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонските ракометари изборија учество на Светското првенство 2025

Следно

Хорхе Мартин победи на трката во Ле Ман

Latest from Blog

Уапсен 33-годишен во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за

Силен земјотрес кај Подгорица

Силен земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Подгорица во Црна Гора, јавува „ЕМСЦ“, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од околу пет
Go toTop