Лавров: Русија ќе одговори со конкретни дејствија на нападот врз Кремљ

1 min read

АНКАРА (АА) – Русија ќе одговори со конкретни дејствија на обидот за напад со дронови врз Кремљ, порача денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јавува Анадолу.

Во изјавата за новинарите по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Шангајската организација за соработка во Гоа, Индија, што беше пренесуван во живо од неколку телевизии, Лавров го нарече неодамнешниот напад со дрон, за кој Кремљ тврди дека го извршила Украина, „непријателски чин“.

„Апсолутно е јасно дека без знаење на ‘господарите’, терористите од Киев немаше да го извршат тоа“, истакна тој, заканувајќи се со зборовите: „ние нема да одговориме со тоа што ќе зборуваме за тоа дали е ‘casus belli’ (чин или настан што или предизвикува или се користи за оправдување војна) или не. Ќе одговориме со конкретни дејствија.“

Кремљ во средата соопшти дека Украина се обидела да ја нападне Претседателската резиденција со два дрона, кои биле соборени во вторникот вечерта.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски и други украински официјални претставници ја негираа вмешаноста на Киев во овој напад.

Кремљ вчера објави дека за наводниот напад со беспилотни летала на Украина врз Претседателската резиденција одлучиле Соединетите Американски Држави (САД).

„Свесни сме дека одлуките за таквите акции, за такви терористички напади, не се носат во Киев, (туку) во Вашингтон. И Киев веќе го прави она што му е кажано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот за медиумите.

Европската Унија вчера ја повика Русија да не го користи наводниот напад со дронови како изговор за ескалација на војната против Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Новиот авион на турската авијација Трој Т200 за првпат на пистата

Следно

Објавени детали за ранетите во двете масовни пукања во Србија

Latest from Blog