Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз

February 1, 2023
1 min read

Латвија денеска се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри (ОИ) 2024 година во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на руските спортисти, кои заедно со спортистите од Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања поради руската инвазија врз Украина.

Олимпискиот комитет на Латвија, кој воедно е првиот национален олимписки комитет покрај украинскиот што се закани со бојкот на ОИ, ги повика и другите земји да извршат притисок врз меѓународните спортски тела.

Најавата на Латвија доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) навести неодамна дека би можел да им дозволи учество на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз без истакнување на национални обележја.

„Сè додека трае војната во Украина, учеството на руски и белоруски спортисти под кое било знаме би било неприфатливо“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Латвија, Жоржс Тикмерс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бериша: На 11 февруари масовен антивладин протест и почеток на најсилната револуција во историјата

Следно

Стојановиќ: Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop