Ласовска: Владиното мнозинство го злоупотребува законското знаменце, а вкупно 41 законско решение на предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница

February 15, 2023
1 min read

Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека гола реторика се изјавите дека парламентарното мнозинство нема намера да носи реформски закони по пат на сила, потсетувајќи дека само пред месец дена се изгласале двајца уставни судии кои притоа не поминале на комисија за избор и именување.

Тоа е гола реторика дека на сила немаат намера да носи реформски закони или брзо што во Собранието. Па само пред месец дена се изгласаа уставни судии кои не поминаа во комисијата за избор и именување, поминаа на пленарна седница . Доколку ова власта или парламентарно мнозинство сака нешто на мускули да истера тогаш ќе истера, на неделовнички начин. Значи на најнеделовнички начин и затоа нашата колешка има интерпелација, која што се уште не е ставена на пленарна седница, вели Ласовска.

Според Ласовска секој закон кој што не може да помине во собранието, власта го користи европското знаменце.

Се што на оваа влада не може да и помине, се става европско знаменце, рече таа.

Ласовска смета дека опозицијата која што е најбројна во собранието треба да биде консултирана за секое законско решение поготово оние кои се од национален и стратешки интерес, потенцирајќи дека вкупно 41 предлог законско решение поднесено од ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница.

Тоа се национални и стратешки интереси и без разлика која политичка партија е на власт треба да оди во тој правец. Но, ако веќе одиме во тој правец треба да бидеме консултирани. Значи опозицијата е најбројна по број на пратеници не е консултирана, потенцираше Ласовска.

Почнавме за законот за една изборна единица, формиравме работни групи, но Талат Џафери не само ова законско решение, туку 41 законско решение од ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница, нагласи Ласовска.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина легендарната актерка Ракел Велч

Следно

(ФОТО) Српските десничари го завршија протестот: Пратеник се обиде насилно да влезе во полициска станица

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop