Лајчак: Утрешниот состанок со Вучиќ и Курти во Брисел е исклучително важен

May 1, 2023
1 min read

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, во објава на Фејсбук ја сумира минатата недела, велејќи дека на Економскиот форум во Делфи се сретнал со косовскиот премиер Курти, со цел детално да се подготви за претстојната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што ќе се одржи на 2 мај во Брисел

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, оцени дека утрешната средба во Брисел, во рамки на дијалогот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, ќе биде особено важна.

Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово

Тој во објава на Фејсбук ја сумира минатата недела, велејќи дека на Економскиот форум во Делфи се сретнал со косовскиот премиер Курти, со цел детално да се подготви за претстојната средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што ќе се одржи на 2 мај во Брисел.

„Мојата последна недела почна и заврши во земји за кои Западен Балкан е високо на агендата. За дијалогот меѓу Белград и Приштина го информирав мојот добар пријател, министерот за надворешни работи на Грција. Разговарав и со косовскиот премиер Албин Курти за деталната подготовка за претстојната средба на високо ниво на 2 мај, која ќе биде особено важна“,

вели Лајчак.

Во пресрет на утрешниот состанок со претседателот на Србија, косовскиот премиер Албин Курти изјави оти нема да дозволи создавање на нова форма на Република Српска на северот на Косово, ниту, како што рече, сателитска парадржава со деструктивна суштина да ја поткопа државноста на Косово.

На состанокот од 27 февруари во Брисел беше договорен текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Вучиќ и Курти, под покровителство на ЕУ, на 18 март одржаа состанок и во Охрид каде беше постигнат договор и за анексот за имплементација на сите членови од Договорот.

Лидерите не го потпишаа договорот, но според претставниците на ЕУ и САД, и покрај тоа, двете страни се обврзани да ги спроведат сите точки предвидени во него.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски воз излетал од шините по експлозија во близина на границата со Украина

Следно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: За ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Обвинителството случајот со куќата на тештата на Даштевски на Халкидики како да не постои

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop