Лајчак: Ситуација меѓу Косово и Србија може да се реши само преку постоечкиот дијалог

May 31, 2023
2 mins read

Лајчак на прашањето која е причината за деескалацијата на состојбата на северот на Косово, во изјава за Дојче веле рече дека се работи за недоверба меѓу двете заедници, мнозинската албанска и српското малцинство

Актуелната ситуација меѓу Косово и Србија може да се реши само политички, а тоа значи преку постоечкиот дијалог, порача Мирослав Лајчак, посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Лајчак на прашањето која е причината за деескалацијата на состојбата на северот на Косово, во изјава за Дојче веле рече дека се работи за недоверба меѓу двете заедници, мнозинската албанска и српското малцинство.

„Второ, Србите се повлекоа од институциите на Косово. Избори се одржаа во четири општини, а излезноста беше 3,4 отсто. Значи, овие новоизбрани градоначалници навистина ги исполнија законските критериуми, но кога зборуваме за легитимност или репрезентативност, тогаш секако дека постои голем знак прашалник. Потоа, минатиот петок, кога Владата на Косово одлучи да ги внесе тие градоначалници во општинските згради во областите населени со Срби, Србите се обидоа тоа да го блокираат. И, таква е состојбата што ја имаме до денес“,

објасни Лајчак.

Тој посочи дека станува збор за апсолутно непотребна и нелогична ескалација, бидејќи, како што вели, по многумесечни преговори биле постигнати два важни договори – договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина од февруари, како и анексот за имплементација од Охрид во март.

„Тоа значи дека имаме пат кон нормализација, имаме програма која јасно се занимава со сите отворени прашања, почнавме да го спроведуваме тој документ и потоа дојде ова, што е сосема непотребно, но за жал предизвикува многу сериозни нарушувања“,

посочи Лајчак.

Тој кажа дека не може да има нормализација и ескалација во исто време и дека е потребно да се врати на работа на нормализација и имплементација на документот.

„Да го немавме документот, би разбрал дека луѓето веруваат дека со вакви акции нешто ќе успеат. Но, ние имаме договор, каков што никогаш порано не бил, затоа треба навистина да се вратиме на имплементација на тој договор и на нормализација“,

рече Лајчак.

Тој смета дека тоа може да се реши само политички, преку постоечкиот дијалог.

„НАТО одигра многу важна улога, пред сè во одржувањето на мирот на теренот. Дури и во оваа актуелна жешка ситуација, единиците на КФОР ја одвојуваа косовската полиција од косовските Срби. За жал, многу од нив беа ранети во тој конфликт. Затоа, со зајакнувањето на НАТО, се зајакнува и гаранцијата дека ќе се спречи понатамошна ескалација, но очигледно е дека НАТО не може да го реши ова – со сета моја почит кон НАТО. Не е до НАТО да го реши ова, ни треба политичко решение. И очигледно е дека двете страни треба да го одработат својот дел“,

објасни Лајчак.

На прашањето што значи поддршката на Русија и Кина за позицијата на Србија и како таа влијае на односите на Белград со ЕУ, Лајчак вели дека тоа го гледа како изјави кои немаат вистинско значење за ситуацијата на терен.

„Ситуацијата на терен е дека имаме дијалог што го води ЕУ, кој е силно поддржан од сите 27 земји-членки на ЕУ и од САД. Двете страни се дел од овој дијалог. Значи, би рекол, тоа се изјави кои навистина немаат никакво значење за состојбата на терен. Она што навистина ни треба е враќање на преговарачка маса“,

заклучи Мирослав Лајчак.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Соборени 10 дронови во руската област Брјанск

Следно

МВР ја предупреди јавноста: Не се вознемирувајте!

Latest from Blog

Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека ќе го окупираат целиот Појас Газа, велејќи: „Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, рече тој.

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија – Судски совет неправилно гласал

Од Управниот суд ја поништија одлуката за избор на Елизабета Дуковска за судија на Уставниот суд, поради неправилно спроведена постапка од страна на Судскиот совет. Судот утврди дека Советот не ги разгледал

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница

Папата Лав Четиринаесетти се сретна со потпретседателот на САД

Папата Лав XIV утрово се сретна со потпретседателот на САД, Џејмс Дејвид Венс, соопшти канцеларијата за печат на Светата столица. Потпретседателот на САД ги претставуваше САД на мисата за инаугурација на папата
Go toTop