Лајчак: Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ

February 7, 2023
1 min read

Курти по средбата со Лајчак изјави дека Приштина го прифаќа планот на ЕУ за нормализирање на односите со Белград и дека тоа е „добра основа за понатамошни дискусии и напредок“

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак го изрази своето задоволство што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двете страни.

„Мило ми е што Косово начелно го прифати предлогот на ЕУ. Ќе ги продолжиме нашите разговори на средба на високо ниво“,

напиша Лајчак на Твитер.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека во понеделникот во Приштина и Белград разговарал со косовскиот премиер Албин Курти, главниот преговарач Бесник Бислими, а потоа и со српскиот претседател Александар Вучиќ и со претседателот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ.

Курти по средбата изјави дека Приштина го прифаќа планот на ЕУ за нормализирање на односите со Белград, дека тоа е „добра основа за понатамошни дискусии и напредок“ и додаде дека за време на разговорите во Брисел ќе „постави некои прашања“ за тој предлог.

Вучиќ по средбата со Лајчак на Инстаграм напиша дека имале „отворен и пријателски разговор“.

„Отворен и пријателски разговор со Мирослав Лајчак. Кога велам отворено, навистина го мислам тоа“,

додаде Вучиќ.

Предлогот на ЕУ беше доставен до властите во Приштина и Белград и е поддржан од Франција, Германија и САД.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопски општини ќе донираат финансиски средства за настраданите во Турција и Сирија

Следно

Бројката на загинати во разорните земјотреси во Туркије се зголеми на 3.419

Latest from Blog

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,
Go toTop