ЛАБИНА МИТЕВСКА ЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА ЗА КОПРОДУКЦИЈА ОД ЕУРИМАЖ И ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА

November 20, 2024
1 min read

Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е годинашна добитничка на Меѓународната награда за копродукција од Еуримаж и Европската филмска академија (ЕФА). Митевска е една од основачите на семејната продукциска куќа „Сестри и брат Митевски“ во Скопје. Сестрите Лабина и Теона и братот Вук успешно ја лансираа својата компанија во 2001. Како што велат од Еуримаж, Лабина е високо ценета актерка од Балканскиот Регион, која кариерата ја почна во филмот „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски (1994), награден со Златен лав во Венеција и номиниран за Оскар за најдобар странски филм.

Лабина Митевска ќе биде почесна гостинка на свеченото доделување на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн за лично да ја прими  наградата.

„Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски“, изјави Лабина Митевска.

„Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија“, изјави нејзината продукциска куќа.

Во „Сестри и брат Митевски“ Лабина е извршна директорка и продуцентка, нејзината сестра Теона е режисерка, а нејзиниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сценограф и аниматор.

„Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит на талентот на семејниот бизнис страсно посветен на европската кинематографија. Тоа ја наградува изработката на висококвалитетен независен филм, постигната преку бројни извонредни меѓународни копродукции кои се гордост на Еуримаж“, велат од Фондот.

Меѓународната награда ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж, Фондот за културна поддршка на Советот на Европа. Ја признава одлучувачката улога на копродукциите во поттикнувањето на меѓународната размена.

Лабина Митевска има копродуцирано девет филма со поддршка на Еуримаж, од кои шест како мнозински продуцент. Членка е на Европската филмска академија и национален претставник на ЕАВЕ. Во 2014 беше дел од „Producers on the Move“ на ЕФП на Канскиот филмски фестивал. Од 2022, Лабина е дел од продукцискиот тим на белгиската филмска компанија „Ентр шиен е луп“ (Entre Chien et Loup).

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приватна 22-ка два дена го попречува сообраќајот на Партизанска, никој не реагира

Следно

Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција

Latest from Blog

Лансирањето на американските акции на Binance веќе го надминува пазарот на токенизираните акции

Проширувањето на Binance кон американските акции брзо добива на размер и веќе го надминува постојниот пазар на токенизирани акции и по опфат и по трговска активност. Нов пазарен преглед на CoinDesk покажува

Станарите од „Васко Карангелески“ покажаа како се гради култура за селекција на отпад

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот. Откако

Пресврт во случајот „Пулс“: Лиценцата од 2012 е издадена за друг објект, покажуваат доказите

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, Јавното обвинителство продолжи со изведување на докази кои се однесуваат на постапките во Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат. Пред судот беа презентирани записници, барања,

Битола добива нов паркинг: Почнуваат работите на „Овчи пазар“

Од понеделник, 29 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на паркинг просторот „Овчи пазар“, информира изведувачот на градежните работи. Проектот опфаќа изведба на коловоз, атмосферска канализација, улично осветлување и
Go toTop