Куранот преведен на холандски јазик дистрибуиран во 15 градови низ Холандија за објаснување на исламот

April 28, 2024
1 min read

РОТЕРДАМ (АА) – Превод на Куранот на холандски јазик беше поделен во градовите низ Холандија на Денот на кралот со цел објаснување на исламот, јавува Анадолу.

Одговорните и волонтерите на одделот „Зошто исламот“ на Фондацијата Муслиманска перспектива организираа настан наречен „Повик кон исламот“ во 15 градови.

Оние кои дојдоа во центарот на градот за одбележување на Денот на кралот, добија Куран на холандски јазик. Исто така, беа поделени брошури за исламот.

Бекир Екинџи, одговорниот на одделот „Зошто исламот“, која го дистрибуира Куранот во Ротердам, за Анадолу изјави дека целта е да се објасни исламот и да се претстави Куранот преку делење на муслиманската света книга на Холанѓаните немуслимани.

„Ако тие се навистина искрени кон исламот, со ова ги повикуваме во ислам. Елхамдулилах (Сета благодарност му припаѓа на Алах), бевме инструмент за тоа најмалку пет луѓе денес да преминат во ислам“, рече Екинџи.

Истакнувајќи дека во Холандија во последните години има голем интерес за исламот, Екинџи рече: „Многу се бара Куранот овде. Многумина од нив велат дека дефинитивно ќе го читаат Куранот. На овој начин помагаме многу луѓе да се запознаат со исламот или да преминат во ислам.“

„Поставивме штандови не само во Ротердам, туку и во 15 градови, особено затоа што денес е роденден на кралот. Тоа беше добра можност за нас бидејќи многу луѓе излегоа на улиците на Денот на кралот“, рече тој.

Тара Мерцера, која го доби Куранот како подарок, рече дека настанот бил многу убав.

„Многу добар чекор е да се инспирираат луѓето, да се сподели исламот со другите и да се објасни исламот на оние на кои им е потребено тоа, и на оние кои се оддалечиле од религијата“, рече таа.

Силке Хофман истакна дека никогаш не прочитала ниедна религиозна книга.

„Делењето на Светиот Куран е многу убаво нешто и дефинитивно ќе го прочитам“, рече таа.

Ати Блаубоер изјави: „Дефинитивно ќе го прочитам. Убавините што ќе ги прочитам од Куранот ќе им ги пренесам на моите внуци“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гласањето за прием на Косово во Советот на Европа најверојатно на 17 мај

Следно

Парк во чест на загинатите работници на работното место

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop