Кулеба го брани барањето за касетни бомби, Столтенберг против

February 19, 2023
1 min read

Имајќи предвид дека Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана за употреба, „правно, нема пречка“ за користење на ова оружје, рече министерот за надворешни работи на Украина на безбедносната конференција во Минхен

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во саботата во Минхен го бранеше повикот за употреба на касетна муниција против руските војници бидејќи Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана на употреба на такво оружје, но таквиот повик беше отфрлен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Дмитро Кулеба во Минхен, фото: EPA-EFE/JOHANNES SIMON / POOL

На маргините на Безбедносната конференција во Минхен, Кулеба го коментираше повикот на украинскиот вицепремиер Олександар Кубраков за снабдување на Украина со касетна муниција и запалива фосфорна муниција, оружје забрането според меѓународното право.

Ниту Украина, ниту Русија ја имаат потпишано Конвенцијата за забрана на употреба на касетна муниција.

„Имајќи предвид дека Украина не е потписник на договорот, ‘правно, нема пречка’ за користење на ова оружје“, изјави Кулеба, а пренесува агенцијата ДПА. Доколку Украина добие оружје што е спорно, тоа ќе се користи исклучиво против вооружените сили на Руската Федерација, додаде тој.

Украина има докази дека Русија користи касетна муниција, рече Кулеба.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го отфрли барањето за касетна муниција.

„НАТО ниту препорачува, ниту испорачува ваков тип оружје. Доставуваме артилериска и друг вид муниција и оружје, но не и касетни бомби“, изјави Столтенберг за РТЛ/нтв на конференцијата во Минхен.

Столтенберг повтори дека испораката на оружје од западните земји во Украина нема да предизвика ескалација на војната.

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, во саботата на конференцијата во Минхен првпат ја обвини Русија дека извршила „злосторства против човештвото“ во Украина, за што се собрани и попишани повеќе од 30 000 случаи. Стортелите „ќе одговараат пред суд“, порача таа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов силен земјотрес регистриран во централниот дел на Турција

Следно

Обид за обљуба на малолетничка во Кисела Вода

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop