Крвав младешки пир во Книн однесе во смрт 25 годишно момче, а четворица рани потешко

November 24, 2024
1 min read

Едно лице загина, а уште четворица други се тешко повредени откако експлодираше бомба во хрватскиот град Книн.

Несреќата се случила додека десетина млади биле на забава а според првичната истрага на хрватската полиција, експлозивната направа ја донел еден од гостите. Две момчиња на возраст од 23 и 25 години, 21-годишна девојка и едно малолетно лице се тешко ранети. Тројца од нив, поради сериозноста на повредите, пренесени се во болницата во Сплит..

 

„Сите имаат тешки телесни повреди кои бараат понатамошен надзор и лекување. Пациентите се сместени на оделот за интензивна нега и се под постојан медицински надзор.“ – д-р Татјана Шипало Лилиќ директор на општата болница во Книн.

Првичната истрага покажала дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75. Поради нестручно ракување, бомбата се активирала во рацете на починатото 25 годишно момче. Соседи пак велат дека слушнале експлозија, но не претпоставувале дека станува збор за бомба.

„Слушнавме силен звук, како да пукна петарда. Пред тоа не се слушаше никаква врева од куќата. После тоа дојдоа полицијата и противпожарните служби. Дури утрово дознав дека експлодирала бомба.“

„Слушнавме експлозија синоќа но не претпоставувваме дека се случило нешто волку трагично.“

Од хрватска полиција апелираат сите оние кои домаа имаат некакво оружје или бомби и други експлозивни направи, веднаш да ги однесат во најблиските полициски станици. Од почетокот на 2024 година, на подрачјето Шибеник-Книн доброволно биле оставени повеќе од 5000 примероци на опружје но и мини и други експлозивни направи.

Во исто време, од граѓаните биле одземени 60 парчиња оружје, 999 парчиња муниција, 134 пиротехнички средства и 1,5 килограми експлозив.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трибина за растечкото насилство врз млади жени и девојки

Следно

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop