Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица и управител на правно лице

April 30, 2025
1 min read

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 и против Е.Н.(42), управител на правно лице од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4, а во врска со чл.22 од КЗ – „соизвршителство“.

Првопријавениот З.Г., извршувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие од Струмица во текот на 2022 година, злоупотребувајќи и искористувајќи  ја својата службена положба склучил договор за период од 10 години за закуп на деловен простор лоциран во Градската капела на Градските гробишта во Струмица со пријавената Е.Н. како управител на правното лице од Струмица, со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно или вкупно 170.400 денари за една година. Во 2023 година пријавените З.Г. и Е.Н.  со умисла извршиле и второ временски поврзано дејствие, односно потпишале уште еден ист договор за закуп за период од 10 години и покрај тоа што претходниот договор од 2022 година бил во важност, за кое нешто од страна на Е.Н. како управител веднаш е извршена уплата за закупнина во вкупен износ од 1.704.000 денари.

Од горенаведеното е утврдено дека првопријавениот З.Г. во текот на 2022 година и 2023 година и овозможил на второпријавената Е.Н. како управител на правното лице од Струмица да врши дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги не смеел да се издава на трети лица и со тоа дејствие истиот овозможил јавното комунално претпријатие противправно да се стекне со 1.874.400 денари.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пад на индустриското производство во секторот рударство

Следно

Израел евакуираше неколку градови, побара меѓународна помош за борба против пожарите предизвикани од топлотен бран

Latest from Blog

Серафимовски во Отворено: Британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи на проекти кои се значајни за државата

Андреја Серафимовски од Здружение на гардежништво во Отворено рече дека, британскиот заем е за поздравување бидејќи ќе се работи nа проекти кои се значајни за државата. Според него, најважно е да се

Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Александар Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!, рече денеска советничката на СДСМ во Советот на Општина Ѓорче Петров, Маја

Шанси за мир?

Мали се шансите за постигнување мир во Украина. Ова го велат светски експерти по двочасовниот телефонски разговор кој го имаа претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин. Трамп
Go toTop