Кривична пријава против двајца измамници од Скопје

1 min read

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 и против Ф.Ј.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Пријавените, во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице на кое што застапник бил второпријавениот.

Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот. После тоа, тие и по натаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Илон Маск формира тим за да му стане ривал на „ЧетЏи-пи-ти“ во технологијата на вештачка интелигенција

Следно

Седум повредени, од кои шест деца, во пожар во бегалски логор во Сирија

Latest from Blog