Кремљ ја обвинува администрацијата на Бајден за попречување на обидите на Трамп да стави крај на војната во Украина

November 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ ја обвини администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека се обидува да ги попречи напорите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на руско-украинската војна, која веќе трае повеќе од 1.000 дена, јавува Анадолу.

„За време на изборната кампања, Трамп изјави дека сака да обезбеди мир за сите. Тие сега (администрацијата на Бајден) се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата толку многу што веќе овие напори за мир се осудени на неуспех“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју со новинарот Павел Зарубин вчера.

Обвинувајќи ја администрацијата на Бајден дека е „учесник во војната“, Песков тврди дека тие постојано покажувале дека сакаат и ќе направат „сè“ за да се осигурат дека конфликтот во Украина нема да заврши.

Песков понатаму рече дека верува оти демократите сакаат да се одмаздат за нивната загуба на претседателските избори во САД претходно овој месец, понатаму тврдејќи дека затоа тие се обидуваат да ја „одведат администрацијата на Трамп во ќор-сокак“.

Портпаролот, исто така, рече дека мисли оти каква било конфронтација не ја исклучува можноста за дијалог и дека, во случајот со САД, е „тешко да се замисли“ дека Вашингтон ќе го намали дијалогот со Москва на нула.

Тој рече дека Москва не гледа на вториот мандат на Трамп со „розови очила“ и дека ќе видат дали идниот американски претседател ќе ја промени политиката на Вашингтон по неговата инаугурација во јануари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

Следно

Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат

Latest from Blog

Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во време на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во вооружени конфликти, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан, ќе

Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани што се на лекување во главниот град

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица
Go toTop