Оваа кремаста кајгана е идеален избор за едноставен, а многу вкусен протеински појадок. Се подготвува брзо, со неколку состојки, а резултатот е меко, богато и ароматично јадење кое лесно може да стане ваше омилено утринско задоволство.
Состојки (за 2 лица):
5 јајца
2 лажици крем-сир
200 грама шери домати
1 лажица куркума во прав
1 лажица лук во прав
сол по вкус
малку лута пиперка (по желба)
50 грама спанаќ
путер за пржење
Подготовка:
Во подлабок сад изматете ги јајцата. Додадете го крем-сирот и добро измешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ги зачините: куркума, сол, лук во прав и лута пиперка исечкана на тенки парчиња. Повторно промешајте. Во тава растопете малку путер и, кога ќе се загрее, истурете ја смесата. Гответе на умерена температура со постојано мешање околу 10 минути, додека кајганата не стане кремаста. Послужете со свеж спанаќ, шери домати, по желба. Едноставно, кремасто и многу вкусно.
Добар апетит!
Извор: kurir.mk


