Креативноста на авторската мисла е пулсот на Саемот на книга

1 min read

Откривањето на безвременскиот свет на класиците, но и на новите наслови на реномирани, а и на нови надежни автори во модерното доба во кое се наоѓаме, е привлечна занимација, којашто дава живот на забрзаното и навидум монотоно секојдневие.

 

А, покрај моментите, кога дружбата со омилените книги ја пронаоѓаме во комфорот на својот дом, во природа, или во преферираниот кафе бар, со совршена атмосфера за „потонување“ во универзумот, создаден од страна на авторот, – зарем постои подобро време и место за откривање на ваквиот афинитет кон пишаниот збор од саем на книга?

 

„Како место и симбол на спојување на читателите со нови и етаблирани автори, кои добиваат ексклузивна шанса за промоција на своите дела, а и каде што читателите можат да откријат теми и содржини за сите возрасти, – Саемот на книга и оваа година не изостанува со својата важност. Секако, целта е секоја година да се создаваат сѐ подобри можности и форми за промоција на читањето книги и за поновите и постарите генерации, преку саемските понуди на бројните издавачки куќи. Главната причина зошто овој саем е можеби најомилениот на национално ниво, е токму љубовта кон пишаниот збор и константниот пристап кон подобрување на условите секоја година при овозможувањето на оваа специјална саемска платформа, којашто го негува овој вид на културно наследство во државата и пошироко. Овој седумдневен настан е можност да се прикаже соодветно богатата литературна традиција, но и да се прослави различноста и креативноста на авторската мисла,“ изјави Бојан Саздов, Претседател на МАИ – Македонска Асоцијација на Издавачи.

35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, е поддржано од Министерството за култура на РСМ, како Покровител на оваа манифестација и ќе се одржи од 4ти до 10ти мај 2023 година, во Арена – Борис Трајковски во Скопје, во организација на Скопски саем.

 

За повеќе информации, следете го Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

Вчера тројца скопјани биле каснати од улични кучиња

Следно

Се огласи Такер Карлсон

Latest from Blog