Ковачевски: Целосната меѓународна соработка и обединетост е единствениот начин да се обезбеди глобалната безбедност

February 18, 2023
1 min read

Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја започна својата агенда на годинешната Минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Ковачевски за МИА изјави:

„Најпрво Минхенската конференција доаѓа во еден исклучително значаен момент и како што самите кажавте во вашето прашање, една од клучните теми ќе биде безбедноста во Европа и тоа во светло на војната која се води во Украина. Ние овде имаме навистина многу јасен став во однос на нашата надворешна политика и во однос на тоа дека не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на клучните безбедносни прашања.

Северна Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на Обединетите Нации и истовремено ние сме земја која претседава со ОБСЕ и како што кажува и мотото на нашето претседателство, а тоа е дека сме свртени кон луѓето и кон заштитата на сигурноста и безбедноста на луѓето, тоа се гледа и од нашите приоритети, каде што клучен приоритет е Украина како и сите области каде што постои можност за унапредување на мирот и безбедноста.

Истовремено ќе бидам и дел од панелот кој се однесува на безбедноста на Западен Балкан и таму ќе разговараме токму за најзначајните теми, а тоа е енергетската безбедност, потоа сајбер безбедноста, заштитата од хакерските напади како и унапредување на регионалната соработка се со цел обезбедување на што поголема заштита и на нашите држави и на нашите граѓани.

Првата средба која ќе имам е со претседателот на Србија Вучиќ, бидејќи навистина постои регионален предизвик кој што го надминуваат заедно Србија и Косово, со посредништво на ЕУ и САД, ќе имам значајна средба со премиерката на Естонија, бидејќи со нив работиме на дигитализација на државата особено на воведување електронски ИД, проект кој веќе започна кај нас со консултанти од Естонија, како една од најнапредните држави. Ќе имам и низа други средби со премиери и претседатели на држави на кои ќе разговараме на овие теми“, рече Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 45.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Следно

Телото на фудбалерот Атсу пронајдено под урнатините во турскиот град Антакија

Latest from Blog

Изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски – портрети на денешницата

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите
Go toTop