Ковачевски: Струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува

January 12, 2023
1 min read

Сите капацитети за производство на електрична енергија во државата се во функција и работат. Граѓаните да бидат спокојни, струја ќе има без рестрикции, а цената нема да се зголемува, рече премиерот Димитар Ковачевски кој денеска оствари работна посета во Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“.

Како што истакна Ковачевски, сите напори на Владата беа насочени кон справување со енергетската криза и резултатите се веќе евидентни.

Премиерот, придружуван од министерот за економија, Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, потенцира дека РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока, а во функција се и РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост.

-Успеавме да ги ангажираме сите капацитети за домашно производство на електрична енргија, а цената на струјата не се зголемува. Ефектите од нашата посветеност да се справиме со кризата, се сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, нагласи Ковачевски.

Според министерот Бектеши, паднаа во вода обвинувањата на некои политичари дека нема шанси да се стават сите капацитети во функција, како и дека ќе нема поскапување на струјата.

-Со деноноќно работење и доверба, за неполна година заеднички со премиерот успеавме да се справиме со енергетската криза. Првпат во земјава сите државни капацитети се вклучени и тоа е голем резултат не само на Владата, туку и на вработените во ЕСМ. Со ова паѓаат во вода сите тврдења на некои политичари, меѓи кои има и електроинженери кои не успеале ова да го направат, а овој тим успеа, потенцира Бектеши.

И директорот Ковачевски напомена дека ЕСМ ги стави во функција сите државни капацитети.

-Тоа значи дека со сите капацитети вклучени на мрежа дневното производство се приближува на 20 000 мегават часови. Овој тренд на зголемување е приближно на производството во најдобрите времиња на РЕК Битола и ЕСМ и кога постројките беа понови. Со ваквото дневно производство го задоволуваме потребниот конзум за сите, подвлече Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Атлантски совет: Експертите очекуваат распад на Русија до 2033 година

Следно

Вардар ќе ги има Јагуриновски и Аларов во битката за титулата!

Latest from Blog

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека
Go toTop