Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието и усвојување на предлогот за нови министри

February 12, 2023
1 min read

Премиерот Димитар Ковачевски очекува конструктивна дебата утре во Собранието кое треба да расправа за новите министри и заменици-министри по влезот на „Алијанса на Албанците“ во Владата.

– Очекувам предлогот да биде усвоен од страна на мнозинството во Собранието и Владата да продолжи на остварувањето на програмата којашто ја има зацртано до редовните избори во 2024 година, изјави Ковачевски за ТВ „Канал 5“ по учеството во донаторската емисија што телевизијата ја организираше за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.

За „Алтернатива“, Ковачевски рече дека вратата во Владата останува отворена за оваа партија.

– „Алтернатива“ има исти стратегиски цели како што има и владината коалиција. Тоа се потврди и при усвојувањето на важните одлуки за отворање на преговорите со Европската унија. Во текот на изминатиот период имав редовни разговори со претседателот на „Алтернатива на кои кажавме дека со оглед на проширувањето на владиното мнозинство, треба да дојде до одредено кадровско рекомпонирање во Владата и во одредени институции. Низ тие разговори беа побарани одредени барања од страна на Алтернатива за кои тие разговараа во текот на четврток и петок, рече Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Да не чекаме нови земјотреси за да си ги подобриме односите, порачаа шефовите на турската и на грчката дипломатија

Следно

Што се крие зад изјавата на Ковачевски: „За раскинат договор меѓу германска фирма и ЕСМ тужени сме за 28 милиони евра за ремонт“?

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop