Ковачевски: Го исполнивме ветувањето за повисока минимална плата, од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

March 13, 2023
1 min read

„Почнувајќи од април минималната плата во државата ќе биде повисока за 2.175 денари и од 18.000 ќе се покачи на 20.175 денари“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по завршувањето на денешниот Економско социјален совет на кој беше донесена одлуката за зголемување на минималната плата во државава. Како што ветивме, го исполнивме ветувањето.

„Ова значи над 12% зголемување на основната минимална плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно законот за административни службеници којшто е усогласен со законот за минимална плата тоа значи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници како и во другите сектори во кои законите се усогласени со законот за минимална плата.

Оваа одлука покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави премиерот Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Британското разузнавање тврди дека забраната за регрутирање затвореници предизвикува проблеми на групата „Вагнер“

Следно

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА: Полицијата бара информации околу сторителите на пукањето во угостителскиот објект во Тирана

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop