Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во интервју за 360 степени изјави дека Основното јавно обвинителство Битола во моментов работи на шест постапки поврзани со тендерски постапки, како и на други случаи од областа на јавните набавки.
„Во моментов Основното јавно обвинителство Битола работи на шест постапки за тендери, плус работи и на други постапки за набавка на јаглен, мазут и така натаму. Што значи дека има доста работа, се прибираат докази, активирани се и министерството за внатрешни работи (МВР) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) со нивното одделение за сузбивање на криминал. Така да во скоро време очекувам да и таму имаме резултати,“ изјави Коцевски.
ИЗВОР: ТВ 21