Костовски: Општина Бутел мора да добие нова модерна поликлиника

February 3, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објави статус на Фејсбук во кој посочи дека во општината мора да се изгради нова модерна поликлиника.

– Министер за здравство Беким Сали, ќе ве потсетам на една наша средба од неодамна. Ви понудив опција веднаш да се отстрани модуларната амбуланта во Бутел. Ви укажав дека јас како градоначалник на општина Бутел сум спремен да изградиме нова модерна Поликлиника, впрочем како што доликува на една урбана општина. Кога веќе Владата и министерството како надлежни не можат, јас како градоначалник сум подготвен на овој голем чекор.

Вие ми посочивте дека немате против изградба на нова поликлиника, но дека за ваков чин ќе треба да поразговарате на повисоко ниво во Владата. Одговор од вас не добивме сѐ уште, иако од средбата помина повеќе од половина година.

Кога веќе сте констатирале неправилности во изградбата на овие крајно небезбедни и недолични објекти, Ве охрабрувам да ги истражите деталите сѐ до финална завршница. Но, она што ми е поважно, овој пат јавно, повторно да Ве охрабрам, да ја отстраните модуларната амбуланта од Бутел. Јасна цел е ние како општина да изградиме нова модерна поликлиника каква што заслужуваат граѓаните.

Да Ве потсетам дека доколку тоа не го направите Вие и оваа Влада, за многу скоро ќе го направи следната Влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Но, не гледам зошто заради политички калкулации тоа да не го направите веднаш, нема потреба граѓаните да бидат оштетени и да губат време дополнително.

Искрено се надевам на разумно решение, затоа што политиката не смее да биде пречка во остварување вакви важни проекти за граѓаните, напиша Костовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Австрија: 70 лица целосно отсечени поради снежните наноси

Следно

Блумберг: Турција би можела во март да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО

Latest from Blog

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – се преставувала како вработена во МВР и ветувала вработување на неговиот син

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот

Пофалби и опомени од ОН: Македонија треба поцврсто да ги штити мигрантите и новинарите

Комитетот за човекови права при Обединетите нации го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај на Северна Македонија за спроведувањето на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права. Експертите ја поздравија посветеноста на

Пожарот кај валандовско Грчиште се уште не е ставен под контрола, вчера полесно повредени двајца вработени во „Македонски шуми“

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола. Според

Импресивна тајмлапс-снимка од полумесечината над џамијата Фатих во Истанбул

СКОПЈЕ (АА) – Полумесечината над Истанбул е снимена преку тајмлапс-снимка, создавајќи впечатлива глетка заедно со историската џамија Фатих во прв план, јавува Анадолу. Снимката ја прикажува месечината како се спушта зад куполите

Енис Барди се враќа во Шпанија?!

Енис Барди е слбоден играч, откако се раздели со Бодрумспор. Клубот не успеа да избори опстанок во Суперлигата на Турција. Разделбата со поранешниот играч на Ујпешт, Леванте и Трабзон го потврди клубот
Go toTop