Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави видео во кое ја покажува локацијата за која, според него, неговите политички противници планирале изградба на станбени објекти со над 50 илјади квадратни метри бетон, додека денес таму се наоѓа еден од најголемите паркови во Скопје.
„Ќе ви покажам како една политичка одлука може да промени сè. Вака требаше да изгледа Бутел на ова место – 50 илјади квадратни метри станбени објекти, бетон и згради. Така некој ја планирал иднината на Бутел. А ова е Бутел денес – паркови, зеленило и простори кои им припаѓаат на граѓаните. Ова е разликата меѓу политиката која знае само да зема и политиката која не дозволува одредени работи. Некој ја гледа општината како средство за правење бизнис, а ние ја гледаме како наш дом. Затоа, на ова место денес има парк, а не згради“, изјави Костовски.

