Косово ќе ја одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста

February 17, 2023
1 min read

Во Косово денеска ќе се одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста. Ќе се одржат свечени седници на Парламентот и Владата, дефиле на припадниците на Косовските безбедносни сили и на Косовската полиција и други културно-уметнички активности.

Свечената седница на Владата ќе се одржи изутринава во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот. Свечената седница на косовскиот Парламент ќе се одржи по свечениот концерт на Косовската филхармонија во Собранието.

Парадата на припадниците на косовските безбедносни сили и на косовската полиција ќе се одржи во центарот на Приштина, а ќе ја следат највисоките претставници на Косово, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.

Предвидено е положување цвеќе на споменикот на исчезнатите, на гробовите на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова, политичарот Адем Демаќи и првиот командант на Ослободителната војска на Косово, Адем Јашари, како и на споменикот на хероините. за кои се смета дека „ги положиле животите за слободата на Косово“.

Пред Народниот театар во Приштина ќе бидат запалени 1.133 свеќи, што според официјалните податоци, е бројот на загинати деца за време на војната во Косово во 1998-99 година.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ќе приреди прием за највисоките косовски функционери, заменици, министри, претставници на дипломатскиот кор и други високи личности, додека во приштинската спортска сала „Први Октобар“ ќе се одржи „Концерт на независноста“. во организација на Радио-телевизија на Косово.

Манифестации по повод Денот на независноста на Косово денеска ќе се организираат и во другите косовски општини, а приеми ќе бидат организирани и во дипломатските претставништва на Косово.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува“

Следно

Скопје на деветто место утрово на листата со најзагадени градови во светот

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop