Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

July 1, 2025
1 min read

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати силна порака од Скопје во одбрана на македонскиот идентитет, нагласувајќи дека тој не смее да биде предмет на политичко одлучување.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Кос истакна дека идентитетот не се решава на маса за преговори, туку се носи во „душата и срцето“.

„Идентитет е и манастирите, и погачата, и тавче-гравче, пинџурот, полнетите пиперки… тоа никој не може да ви го одземе. ЕУ е заедница на различности и токму преку членството во ЕУ се заштитува идентитетот, културата и јазикот“, рече Кос, додавајќи дека и Словенија, како мала земја, по влезот во ЕУ успеала да го зачува својот јазик како еден од официјалните во Унијата.

Изјавата доаѓа во контекст на најновото барање на Бугарија, во извештајот на Европската комисија да се внесе формулацијата „модерен македонски јазик“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, подвлече дека идентитетот не може да се сведе само на гастрономија и традиција, туку и на историските личности и настани.

„За мене идентитетот се Гоце Делчев, Кузман Шапкарев, браќата Миладиновци, Илинденското востание, Дамјан Груев, Јане Сандански… Не сум сигурен дека колегите од исток ќе го споделат ова гледање, но тоа се луѓето што го градат нашиот македонски идентитет“, рече Мицкоски.

Состанокот ЕУ – Западен Балкан во Скопје се одржува во критичен момент за проширувањето и во време кога прашањето за македонскиот идентитет повторно станува дел од политичките дебати во Брисел.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

Следно

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

Latest from Blog

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Натпреварот од осминафиналето на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Јувентус можно е да биде одложен. Според најавата на метеоролошката служба за време на натпреварот најавени се грмотевици во околината на

Филипче – Кос: Поддршка за откочување на македонскиот евроинтегративен пат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос ја оцени како одлична и многу конструктивна. На својот фб тој напиша дека ја информирал Кос, дека СДСМ останува целосно

Онколошките пациенти таблетарната терапија ќе ја земата од аптеки, но ќе плаќаат партиципација

Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол

Франција го забранува пушењето на повеќето отворени јавни простори

СКОПЈЕ (АА) – Франција воведе забрана за пушење на повеќето отворени јавни простори, меѓу кои плажи, паркови, јавни градини, автобуските постојки, спортски објекти, како и во близина на училишта, библиотеки и базени,
Go toTop