Конте: Против Манчестер Сити тешко е со 11, а не пак со 10 играчи на терен

September 19, 2025
1 min read
фото: Q (X)

Тренерот на Наполи, Антонио Конте по синоќешниот пораз од Манчестер Сити во првото коло од Лигата на шампионите, изјави дека било исклучително тешко да се игра со играч помалку против англискиот гигант.

„Против Манчестер Сити е тешко да се игра 11 на 11, а со десет играчи по само 20 минути е невозможно. Бевме многу добри во одбраната, но можевме да играме многу подобро во моментите кога ги примивме двата гола. Сепак, немам што да им кажам на моите играчи – тие покажаа голема посветеност и решителност. Да продолжеше натпреварот 11 на 11, мислам дека ќе беше поинаков натпревар. Зборуваме за Манчестер Сити, фантастичен тим, и треба да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Ќе го понесеме тимскиот дух со нас во Италија и ми се допаѓа како заедно го пребродивме ова, но не можевме да си дозволиме да примиме два гола. Треба да размислуваме за следниот натпревар во лигата и верувам дека можеме да успееме во Лигата на шампионите“, истакнал Конте.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп: Можеби треба да им се одземат лиценците на телевизиите кои ме критикуваат

Следно

Српскиот министер за одбрана најави задолжителен воен рок од почетокот на 2026 година

Latest from Blog

Алпите – „енергетска банка“ на високоразвиената Европа

Алпите се срцето на европската хидроенергија. Планинскиот масив ја дава клучната флексибилност за интеграција на ветерот и сонцето во европската електроенергетски систем, додека истовремено е и под растечки еколошки притисок. Распослан на

Николоски со видео: Забрзана изградба на автопатот кон Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, објави видео од птичја перспектива на градежните активности за новиот автопат Прилеп – Битола. „Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола!

Стручно мислење: Љубовта има три фази

Говорејќи за проучувањето на човековите односи, љубовните врски се едни од најзанимливите области на истражување. Иако поетските и популарните описи на љубовта честопати се премногу поедноставени, емпириската психологија потврдува дека врските минуваат

Вечерна богослужба и Литија в сабота во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје (ВИДЕО)

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, в сабота, на 20 септември со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот

ВЛЕН: ДУИ со тајни договори со Левица за да ја спаси власта во Струга

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција во врска со последните политички случувања во Струга, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција (ДУИ) за тајни договори со партијата Левица, со единствена цел да се
Go toTop