Конор Мекгрегор обвинет за силување

November 7, 2024
1 min read

Контроверзниот УФЦ-борач, Конор Мекгрегор, се појави пред судот во Даблин, под обвинение за силување на 35-годишната Никита Ни Лајмхин.

Ирецот се појави пред судот во Даблин, обвинет од 35-годишната Никита Ни Лајмхин дека ја силувал пред шест години, во хотел.

Никита истакна пред судот дека контактирала со Конор, кој потоа ги поканил неа и нејзината пријателка на забава во хотел. По пат, тие зеле уште едно лице, Џејмс Лоренс, кој, исто така, е обвинет во случајот.

Никита рекла пред судот дека на забавата се консумирало алкохол и кокаин. Конор потоа побарал да го задоволи, а таа го одбила. Ирецот не застанал тука, па се решил за нов напад.

Ме притисна, ме држеше за зглобовите и имав крвави гребаници на градите. Вратот ми беше со модринки. Се обидов да се одбранам, но набрзо се откажав – открива Никита.

Потоа зборувал адвокатот на силуваната жена.Таа се обидела да го оттурне, но не можела. Ќе видите фотографии од нејзините раце и зглобови, кои беа црни и сини.

Ќе видите крвави лузни на нејзините гради. Тоа беше од часовникот што го носела кога се обидела да се одбрани. Мекгрегор потоа ја превртел, ја презел контролата над рацете и вратот. Таа не можела да дише. Кога го направил тоа по трет пат, таа се откажала.

Немала сила да се одбрани. Тој ѝ рекол: „Сега, кога ќе те фрлам три пати, ти види како е да се биде во октагонот. Таа била преплашена. Знаела што ќе се случи. Станува збор за насилен напад, открива адвокатот.

Мекгрегор со само неколку збора се обидел да се одбрани пред судијата. Само се забавувавме и имавме малку жежок секс. Таа се согласи на тоа, изјави Мекгрегор.

Џејмс Лоренс кој, исто така, е на обвинителната клупа, тврди дека врската била со заемна согласност. Тоа беше врска со заемна согласност. Го направивме тоа двапати – истакна Лоренс. Девојката бара од Мекгрегор милионска отштета

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Првиот човек на европскиот бокс во работна посета во Македонија

Следно

Во Берово утрово минус шест степени, во Охрид четири степени

Latest from Blog

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден  5 декември, а продолжува и денес односно

Скопскиот аеродром во првите 10 месеци од 2024 година опслужил над 2,5 милиони патници

Аеродромот во Скопје се рангираше на 135 место по фреквентнос во Европа, и ги надмина аеродромите во Понга Делгада, Закинтос и Тромсо. Во периодот од јануари до октомври оваа година, низ скопскиот

Чупеска: Владата не испорача ништо од ветеното, туку тргна да го окупира безбедносниот систем

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во синоќешната емисија Клан дебата истакна дека ништо што беше ветено во кампањата не е испорачано од страна на Владата. Наместо проекти, Чупеска кажа дека Владата тргнала

Јанев: Го враќаме достоинството и интегритетот на полицаецот – столбот на јавниот ред и безбедност

Состанок посветен на темата за враќање на достоинството и интегритетот на полицаецот – столбот на јавниот ред и безбедност се одржа вчера во МВР, а на кој присуствуваа раководните структури од Секторите
Go toTop