Коњановски: Продолжуваат инвестициите во училишта, градинки и спортски објекти

June 12, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола истакна дека усвојувањето на ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година ќе обезбеди континуитет во реализацијата на тековните и планираните проекти.

Тој посочи дека општината се наоѓа на половина од 2026 година со видливи резултати на терен, како и со повеќе предизвици кои биле успешно надминати, нагласувајќи дека клучно е да нема застои во изведбата на проектите и активностите.

Коњановски информираше дека со поддршка од Владата се реализираат околу 80 проекти, што, како што рече, ја потврдува интензивната градежна активност во градот. Тој додаде дека ребалансот предвидува проширување на буџетската рамка и зголемување на средствата за повеќе програми и сектори.

Во делот на измените, посебно ги истакна програмите за образование, животна средина, економски развој и инфраструктура, при што најави инвестиции во енергетска ефикасност, локални патишта, водоснабдување и канализациони системи.

Како значајни капитални проекти ги наведе изградбата на боксерска сала, новата противпожарна зграда, градинките кај ОУ „Климент Охридски“ и во АРМ, како и повеќе други инфраструктурни зафати кои се во завршна или напредна фаза.

Тој се осврна и на уредувањето на булеварскиот влез во Битола, проектите за паркиралишта во централното градско подрачје, како и активностите поврзани со сообраќајниот режим и пешачките зони.

Посебно беше нагласено и планираното вложување во електрични велосипеди, со цел развој на концептот Битола како „вело град“, како и проектите за подобрување на водоснабдувањето, особено во руралните средини.

Коњановски додаде дека во тек се и активности за реконструкција и изградба на повеќе училишни и спортски објекти, како и уредување на нови паркинг простори во градот.

„Ребалансот на буџетот значи поддршка за реализацијата на сите тековни и идни проекти и развојни планови на Битола“, порача Коњановски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Паркот „Ринија“ стана симбол на заедништвото и младинската креативност

Следно

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

Latest from Blog

Благоданица за Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество. Би сакал да изразам благодарност

Американски авиони веднаш полетаа кон Европа; Доаѓа ли крајот на војната САД-Иран?

Извори на овој медиум запознаени со подготовките наведуваат дека авионите одат во швајцарскиот град Женева, каде што се очекува американскиот потпретседател Џ.Д. Венс да го потпише договорот во име на Вашингтон. „Аксиос“

Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените коридори како столб на засилена интеграција во единствениот пазар на ЕУ

Трета конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ Атина, 11 Јуни 2026 Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја
Go toTop