Коњановски: Битола останува дом на најдобрите театарски изведби

April 30, 2026
1 min read

На затворањето на 27-то издание на Фестивалот на монодрамата во Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја додели наградата од публиката за најдобра монодрама, која годинава ѝ припадна на претставата „Џеки“ на Драмски театар Скопје.

Претставата е во режија на Жива Бизовичар, а главната улога ја толкува актерката Трајанка Илиева-Вељиќ.

„Чест ми беше и оваа година да ја доделам наградата од публиката на фестивалот, кој веќе 27 години е огледало на театарската уметност. Годинашното мото ‘Огледало на вистината’ ја отслика суштината на сите фестивалски вечери, а најуспешните уште еднаш беа тука, во Битола – градот на културата и уметноста“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека Битола останува препознатлива како град на уметноста и традицијата, потсетувајќи на значењето на Браќата Манаки како први сниматели на Балканот.

Наградите што ги додели стручното жири за најдобар актер, најдобра режија и Гран при заминаа во рацете на уметници од меѓународната сцена. За најдобар актер беше прогласен Јано Изорија за претставата „Кваркваре“ од Грузија, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили.

Наградата за најдобра режија ја доби повторно Жива Бизовичар за „Џеки“, додека Гран при наградата ѝ припадна на претставата „Ноти“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актер Андреа Танасе.

Со ова издание, Фестивалот на монодрамата уште еднаш ја потврди својата меѓународна вредност, а Битола ја зацврсти својата позиција како важен културен центар на регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Binance AI Pro – нова алатка што го менува начинот на тргување со криптовалути

Следно

ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово.

Binance AI Pro – нова алатка што го менува начинот на тргување со криптовалути

Нова анализа од Binance покажува дека вештачката интелигенција сè повеќе им помага на луѓето полесно и побрзо да тргуваат со криптовалути. Наместо корисниците одделно да го истражуваат пазарот, да споредуваат податоци, да

Трафостаницата на новата улица во Битола е предвидена уште во проектот од 2010 година

Новата сообраќајница СРУ5 во Битола, која ја поврзува улицата „Партизанска“ со населбата „Златен рид“ во просторот на старата касарна, деновиве предизвика внимание во јавноста поради трафостаницата која се наоѓа во непосредна близина

НОВА ВОЕНА АЛИЈАНСА НА МОРЕ – Десет европски земји ќе формираат ЗАЕДНИЧКА МОРНАРИЦА

Обединетото Кралство и девет други европски земји се согласија да формираат заедничка морнарица „за да ги одвратат идните закани од Русија на северот од континентот“, изјави шефот на британската морнарица, Гвин Џенкинс.
Go toTop