Кога ќе се „разбудат“ пратеничките канцеларии за да им служат на граѓаните?

December 6, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието Африм Гаши, се обидува да ги разбуди заспаните пратенички канцеларии, во државата, во кои граѓаните треба да бидат пречекани од пратениците за да ги слушнат и решат нивните секојдневни предизвици. Гаши денеска беше во Охрид за да види како течат контактите меѓу пратениците од овој крај и граѓаните. Од таму тој порача дека непосредниот контакт со пратеникот е една од најважните работи во парламентарната демократија,

„Избраниот пратеник, најдобро е да се види со граѓаните, не само во изборни циклуси, туку и во текот на мандатот. Тоа е смисла на постоење на овие канцеларии, секој петок пратенциите да можат да бидат во контакт со граѓаните. Ние како Собрание се обидуваме да не закажуваме седница“, рече Гаши, кој беше придружуван од охридските пратеници, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа.

Пратеничките канцеларии произлегуваат од членот 36 од Законот за Собрание, според кој Собранието, во соработка со единиците на локалната самоуправа, обезбедува соодветни услови за остварување на контактите на пратеникот со граѓаните во неговата изборна единица.

„(2) Секој последен ден во работната недела (петок) се определува како ден за контакти на пратениците со граѓаните и избирачите во изборните единици. (3), Собранието во денот определен во ставот (2) од овој член по правило не одржува пленарни седници, седници на работни тела и активности на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави, освен во итни и неодложни ситуации. “, пишува во став 2 и 3 од член 36.

Собранискиот спикер, најави дека од минатиот петок ја почнал праксата со посетите на канцелариите и дека ќе ја продолжи и во иднина. Засега има отворено 35 пратенички канцеларии, а според податоците на собранискиот сајт треба да бидат отворени вкупно 75 пратенички канцеларии.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Возете внимателно- Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Буково

Следно

10 фирми добиле тендери од 1 милијарда евра – за 5 години, 5,8 милијарди евра преку јавни набавки

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop