Коалицијата на Ковачевски се тресе: Трајанов вели дека нема да гласа за новата Влада, ако е не се запазени уставните начела

January 20, 2023
1 min read

Во Владите на Димитар Ковачевски имаат нарушен етнички баланс. Етничкиот баланс е нарушен уште од минатата година кога ја состави Владата во јануари, а сега се најавува исто со тоа што се преговара со Алијанса за Албанците, оцени пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов чија партија е дел од коалицијата со СДСМ. Трајанов ова вечерва го кажа на гостување на телевизија Сител во централниот Дневник.

„Во Владата на Ковачевски има нарушен баланс со алтернатива односно кога ја направи владата минатата година. Сега се најавува само продлабочување на застапеноста. Јас немам ништо против ниту сакам поделби по етничка линија но со дополнително влегување и на Алијанса тоа ќе се случи неминовно. Е сега Ковачевски треба да обелодени дали има некои дополнителни комбинаторки со кои тоа нема да се случи“, рече Трајанов.

Според него целосно неприфатливо е нарушување на уставните и рамковни принципи како соодветна незастапеност.

„Ако Ковачевски го подели колачот меѓу 25 проценти тогаш во ред, ако не јас нема да гласам за таква влада“, дециден е Трајанов.
Трајанов укажува дека во ваква ситуација треба да се каже дека ДУИ не ја контролира пратеничката група и дека треба влез на други партии.

„Но, во тој случај треба да се отстапи и дел од колачот министерски, директорски и други места. Ваквиот начин на нерамномерна поделба ќе направи само раздор“, вели Трајанов кој укажува и дека изјавата на лидерот на Алијанса дека се влегува за ЕУ интегрирање не држи.

„Сите сме за интеграција и не е во ред да се условува со влез во Влада“, укажува Трајанов.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шефот на Нетфликс поднесе оставка

Следно

ПРОДОЛЖУВААТ ПОТРЕСИТЕ ВО КРИПТО-СВЕТОТ: Genesis поднесе барање за банкрот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop